Капитенот, Енис Барди беше стрелец на првиот гол против Украина, кој Македонија во Скопје го загуби со 2:3. 

И покрај водството од 2:0 на полувремето, напите фудбалери за 30-тина минути примија три гола. 

Капитенот Барди смета дека тоа сигурно нема да се случи на утрешниот меч и дека самодовербата е на далеку повисоко ниво.

„Украина е многу квалитетна репрезентација, има топ фудбалери.

Не размислуваме за нивните отсуства, туку само за нашиот тим. Секогаш разговараме за нашите слаби страни и како да се подобриме. Зборуваме за менталитетот кој сакаме да го промениме, се консолидиравме и го надминавме јунскиот пораз.

Со самото тоа што го носиме репрезентативниот дрес, значи дека ние сме најдобрите играчи во моментот, не е потребна поголема мотивација.

Со Украина играме уште еден важен натпревар за нас, па сакаме позитивен резултат. Мислам дека на првиот дуел имавме пад на концентрацијата, во некои ситници кои може да се казнат.

Сите ќе преземеме одговорност, знаеме колку ни значи и без притисок не може да се игра“, вели капитенот Барди.

Натпреварот од Ц квалификациската грипа за ЕУРО 2024-та, Украина – Македонија ќе се игра утре во Прага, од 15 часот. 

СЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ УКРАИНА – МАКЕОДНИЈА