Откако во минатото коло, за прв пат натпреварите во Првата лига, беше интонирана македонската химна, во иднина тоа ќе биде задолжително. 

Имено Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), донела сите пред стартот на натпреварите задолжително да се интонира химната, во спротивно следуваат големи казни. 

Казната за првиот пат не интонирање на химната, клубот домаќин ќе го чини 30.000 денари. 

Секое наредно повторување на прекршокот казната двојно ќе се зголемува 60.000, 120.000 , 240.000 денари итн …

Казната за не истакнување на државното, македонско, знаме останува „блага“ само 5.000 денари по натпревари (без прогресија). 

Во првото коло таква казна заработи екипата на Чаир. 

Еве како изгледаше тоа на првите натпревари, на кои се применуваше ова правило.