Пилотот на Мекларен Оскар Пиастри е победник на спринт трката што се возеше во Катар.

Тој ја освои пол позицијата на спринт трката и со одлично возење успеа да го задржи првото место иако во еден момент го загуби од Џорџ Расел од Мерцедес.

Се водеше вистинска битка на патеката во Катар, не само за првото место туку и за место на подиумот.

Сепак дебитантот не случајно покажа дека има квалитет, но и болидот на Мекларен беше одлично поставен за денешната спринт трка.

Втор низ целта мина Макс Верстапен од Ред Бул кој во последните два круга го мина Џорџ Расел од Мерцедес кој на крајот заврши четвртти откако го мина и Норис од Мекларен.

Со освоеното второ место, Макс Верстапен е промовиран за старо-нов шампион на Ф1 и ја освои третата титула по ред.

Следуваат Хамилтон, па Саинц и Леклерк од Ферари….

Утре се вози главната трка во Катар, а стартот е закажан за 19 часот.