Во средата со два натпревари започна новата сезона во машката кошаркарска Прва лига.

Во нив, Работнички беше подобар од ТФТ, додека Чаир го декласира Феникс

Викендов ќе се играат преостанатите четири натпревари, по два во сабота и недела. 

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром, одбраната на титулата ќе ја почне во Гевгелија на гостувањето кај Кожув. 

Истовремено, во СЦ „Кале“ во Скопје, ќе играат повратниците во прволигашкото друштво Вардар и Охрид. 

Двата натпревари започнуваат од 18 часот, термин во кој в недела ќе се играат преостанатите две средби. 

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 1.КОЛО
сабота
18.00 КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.00 ВАРДАР – ОХРИД
недела
18.00 ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
18.00 ФМП АКАДЕМИЈА – ЕУРО НИКЕЛ
среда
РАБОТНИЧКИ – ТФТ  73-56
ЧАИР – ФЕНИКС  93-72

Сите натпревари можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

ВО ЖИВО – 1.КОЛО