Во последниот натпревар од 7.коло на Ла Лига, Атлетико Мадрид славеше во Памплона, против Осасуна со 2-0. 

Гостите од Мадрид поведоа со голот на Антоан Гризман. Тројната лоша реакција на домашниот голман Фернандез и нерешителноста на одбраната ја казни Французинот во 20-тата минута. 

Во вториот дел домаќините по еден корнер постигнаа гол, на кој му претходеше прекршок, па по  прегледувањето на снимката беше поништен.

Затоа на спротивната страна, во 81.минута, погодокот на Родриго Рикелме беше регуларен, па Атлетико ја потврди победата.

Со оваа победа Атлетико се проби за два позиции на табелата и сега е петти. „Јорганџиите“ кои сега имаат 13 бодови веќе во недела играат против Кадиз.

Осасуна е 13-та со само 7 бодови од седум натпревари.