Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром добива нов партнер. 

Станува збор за српската телекомуникациска компанија МТЕЛ, која работи и во Македонија. 

Денеска двете страни ја официјализираа соработката која засега е на една година.

Договорот го потпишаа директорите Филип Ѓоревски и Марко Лопичиќ.

„Горди сме што како компанија имаме можност, но и големо задоволство да бидеме дел од успешната приказна на МЗТ Скопје.

Среќни сме што ја продолжуваме традицијата на нашата компанија во рамки на своите можности да ги поддржиме спортските клубови, а преку тоа да придонесеме кон поздрава и поактивна младина, што во денешницата е од особена важност“,

нагласи генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

На настанот е  присуствуваа и се обратија  генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лукиќ и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Потсетување дека оваа компанија веќе е дел од мак-баскетот. Тие лани влегоа како главен спонзор на лутиот ривал на аеродромци, КК Работнички.