Инцидентите во Косово, кои резултираа со загинати и тридневниот ден на жалост во Србија, се причините за одложувањето на спортски настани во Србија.

Меѓу нив е и вечното фудбалско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда.

Како што информираат тамошните медиуми, Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) реши да го одложи целото коло од Суперлигата.

Така утре нема да се игра и 171-то „вечно дерби“ меѓу Партизан и Црвена Звезда.

Престојот викенд треба да се играат натпреварите од редовното коло. Затоа ФСС дополнително ќе ги утврди термините на дуелите од одложеното.