Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна поразот на неговиот тим од Атлетико Мадрид.

Тој рече дека целиот тим одиграл лошо и дека нема смисла да се покажува со прст кон поединци.

Во поразот на Реал од 3:1 од Атлетико Мадрид, играше и Лука Модриќ, кој беше заменет на полувремето, за коло Анчелоти изјави.

„Не сакаме да го впериме прстот во никого. Покажувањето со прст кон Модриќ би било малку премногу“,

истакна Анчеоти.

Анчелоти елаборираше и за формацијата со која настапи на дербито.

„Ја сменивме формацијата бидејќи почнавме со дијамант, со Модриќ во средината и Белингем и Родриго напред.

Хоселу не играше бидејќи баравме поголема контрола на топката со присуство на дополнителен играч од средниот ред.

Тоа не беше проблем кој играше, проблемот беше во дефанзивните слабости кои ги немавме во првите неколку натпревари.

Примивме три гола на шест натпревари, а сега три гола за 45 минути, бевме слаби“,

заклучи Италијанецот.

Во следното коло Реал игра на домашен терен против Лас Палмас. Тоа следуваат две гостувања.

„Кралевите“ прво одат на мегдан на пријатното изненадување Џирона, а потоа и кај Наполи во дуел од Лигата на шампионите.