Ракометните возбудувања во Супер лигите ќе продолжат со дуелите од третото коло, а ќе се играат во текот на трите дена (сабота-недела-понеделник).

Во двете групи пет екипи имаат максимален учинок и секако прашање е кои од екипите ќе останат со 100% ефект.

Во групата А екипите на Алкалоид и Тиквеш имаат шест бодови и важат за фаворити во натпреварите од оваа рунда.

Во Б групата два тима со максимален учинок ќе играат меѓу себе Вардар-Пролет, а третиот тим Голден Арт иако „на хартија“ е домаќин дуелот со првакот Еурофарм Пелистер ќе го игра во Битола.

Распоред на натпреварите од 3.коло:

А група:
МРК Куманово – ГРК Охрид (сабота 13 часот),
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 (недела 12 часот),
Скопје – Аеродром (недела 13 часот)
ГРК Тиквеш – Струга (недела 18 ).

Б група:
Вардар – Пролет (сабота 12:30 часот);
Голден Арт – Еурофарм Пелистер (сабота 18 часот),
Прилеп – Вардар Неготино (недела 18:30 часот)
Мулти Есенс – Бутел (понеделник 18 часот).