Во Втората македонска фудбалска лига денес ќе се одигра 6-тото коло. Сите 8 натпревари ќе се одиграат денес со почеток од 15 часот.

Екипата на Кожуф во ова коло влегува како првопласирана со максимален учинок од 5 победи на 5 одиграни натпревари. Во претходното коло на домашен терен славеа над Пелистер, екипа која се бори за првата позиција. Беса во претходното коло го доживеа својот прв пораз оваа сезона, па сега на домашен терен ќе се обиде да им се врати на победите против разиграниот Кожуф, кој не знае за пораз.

Битолчани немаат право на нов кикс откако две кола не успеваат да победат. Караорман оваа сезона мака мачи со играчкиот кадар, па од тука доаѓа одлична шанса за екипата на Пелистер да ја израдува битолската публика.

Детонит Плачковица откако им го нанесе првиот пораз на Беса, сега гостува кај Тетекс. Тетовчани немаат старт каков што посакувај па сега ќе се обидат да ја изненадат најдобрата одбрана во досегашниот дел од првенството и да им го нанесат првиот пораз.

Во Прилеп ќе се одигра Пелагониско дерби, каде што ќе се сретнат екипите на Победа и Новаци.

ВТОРА ЛИГА – (15 часот)
АРСИМИ – ВАРДАР НЕГОТИНО
БАШКИМИ – КАМЕНИЦА САСА
БЕСА – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
ОХРИД – СКОПЈЕ
ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА
ПЕЛИСТЕР – КАРАОРМАН
ПОБЕДА – НОВАЦИ
ТЕТЕКС – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА