Трите женски македонски екипи претставници во ЕХФ Европскиот Куп денеска и утре имаат свои настапи. Тие ќе настапат во втората квалификациска рунда.

Освојувачот на купот и вице-првак Куманово, две средби против швајцарскиот Херцогенбуше ќе игра на гостински терен.
Првиот е денеска од 16 часот, а во истиот терми утре ќе се одигра реваншот.

Денеска ќе игра и скопски Чаир кој за противник го има холандскиот тим Венло.
Чаирчанки првата средба ја играат попладнево од 14 часот во спортската сала Автокоманда, додека реваншот е на 30 септември во салата „Егербос“ во Венло од 19:00 часот.

Шампионот Ѓорче Петров ќе се соочи со црногорскиот Тиват.
Утре (недела) од 18:00 часот во спортската сала Автокоманда ќе се игра првиот натпревар, додека реваншот е на 1 октомври во салата „Жупа“ во Тиват од 19:00 часот.

ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП – 2.коло
САБОТА (23 септември)
14.00 ЧАИР – ВЕНЛО (реванш 30 септември, 19 часот)
16.00 КУМАНОВО – ХЕРЦОГЕНБУШЕ
НЕДЕЛА (24 септември)
16.00 КУМАНОВО – ХЕРЦОГЕНБУШЕ – (реванш)
18.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ТИВАТ (реванш на 1 октомври, 19 ч)

Ивона Кимовска