Разигрувањето за пласман од петтото до осмото место во АБА Суперкупот започна со натпреварот помеѓу Цедевита Олимпија и Мега. Победата ја извојува српскиот тим кој одигра многу подобар натпревар и славеше со резултат 88:75.

Мега одигра одлична прва четвртина која ја доби со 31:19, за на полувреме да замине со +10 (47:37).

Младиот тим не дозволи разликата да падне под седум поени, а како одминуваше времето, предноста растеше.

До победата Мега ја предводеше Никола Топиќ со 21 поен и пет асистенции. Повторно одлично одигра Андрија Јелавиќ, кој оствари дабл-дабл со 14 поени и 10 скока на кои додаде и три асистенции.

Иако и Јакака Блажиќ имаше двоен н учинок (19 поени и 11 скока), сепак љубљанската екипа беше далеку од победата, па сега ќе разигрува за 7-то место.

Кој ќе биде противник на Цедевита Олимпија, а кој на Мега ќе дознаеме по натпреварот Задар и ФМП.

Во полуфиналето ќе играат Партизан – Игокеа (18 ч.) и Будуќност – СВ Дерби (21 ч.)