Секој фудбалски викенд во англиската Премиер лигата носи барем едно дерби. Овојпат во 5.коло се среќаваат две екипи кои минатата сезона освоија трофеи во европските натпреварувања.

Во Лондон, Вест Хем освојувач на Конференциската лига, ќе го пречека европскиот првак Манчестер Сити.

Тоа ќе биде и последен дуел на „граѓаните“ пред почетокот на Лигата на шампионите во која веќе во вторник на „Етихат“ за пречекуваат белградска Црвена Звезд.

“Тоа е тоа. Сезоната за нас започнува од овој викенд и натпреварот против Вест Хем.

Преодниот рок заврши, децата се вратија на училиште и забораваме на се што се случи.

Дури и фактот дека имаме четири победи од четири Мечевите не значат ништо.

Почнуваме од нула и ќе бараме победа на секој натпревар, без разлика на конкуренцијата“,

изјави Пеп Гвардиола.

Дуелот меѓу Вест Хем и Манчестер Сити почнува од 16 часот, термин во кој своите натпревари ги играат и ривалите за највисок пласман. 

Манчестер Јунајтед е домаќин на Брајтон, додека Тотенхем го пречекува Шефилд Јунајтед. 

Програмата ја отвораат Вулверхемптон и Ливерпул со натпреварот од 13.30 часот. 

Standings provided by Sofascore