Екипите на Вулверхентом и Ливерпул го одиграа првиот натпревар од 5-тото коло во Премиер лигата.

Домашната екипа подобро го започна натпреварот и го имаше почетниот посед. Во 7-минута Педро Нето одлично се прошета низ гостинската одбрана и асистираше до Хванг, кој рутински донесе водство од 1:0.

До самиот крај на првиот дел домаќините беа поконкретни, но до втор погодок не дојде.

Второто полувреме започна сосема поразилчно од првото, сега иницијативата беше на гостинската страна.

Мохамед Салах во 55-минута одлично проигра до Гакпо, а холанѓанецот постигна гол за 1:1.

Во 85-минута се случи целосен пресврт, после една грешка на домашниот голман, Мохамед Салах повторно асистира, а стрелец на вториот гол беше капитенот Андре Робертсон.

Точка на натпреварот стави младиот Херви Елиот, кој зголеми на 3:1 во втората минута од судиското продолжение и повторно асистенција за Мохамед Салах.