Нероаѕурите го демолираа градскиот ривал Милан со убедливи 5:1.

Долгоочекуваното дерби меѓу Интер и Милан не ги оправда очекувањата, затоа што на теренот имаше само една екипа која играше достојно за дерби.

Уште од самиот старт избраниците на Симоне Изнаги влегоа помотовирано и преку Мктеријан уште во петтата минута дојдоа до предност.

Во финишот на првото полувреме, новото засилување Турам со маестрален погодок зголеми на 2:0.

Во вториот дел Милан тргна поофанзивно и истото се исплатеше во 57-та минута кога Рафаел Леао погоди за 2:1.

Сепак тоа беше се што Милан направи на натпреварот. Ерменецот Мктеријан со вториот гол во 69-тата минута зголеми на 3:1.

Агонијата на Милан продолжи десет минути подоцна кога Тео Хернандес стартуваше недозволиво, а судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше Чаканоглу.

За петарда во мрежата на Мањан се погрижи Фратези во 93-тата минута за конечни 5:1