Екипите на Вардар и Чаир одиграа реми со 29:29 во првото коло од женската Супер лига.

Натпреварот стартуваше со серија од 6-1 на тимот на Чаир. Но, црвено-црните не се откажаа и во 10-тата минута намалија на 6:5 па потоа и израмнија на 7:7.

Во наредните дваесетина минути се играше гол за гол и многу неизвесна  игра. Вардар во последните минути од натпреварот успеа со серија 2-0 да поведе и на полувреме да замине со 15:13 .

Втората половина Вардар влегоа мотивирани во натпреварот и не дозволија гостите да ја израмнат. Во 39-тата минута домаќинот успеа да ја зголеми предноста на +5 (21:16).

Но, Чаир не се откажа и израмни на 21:21. Во последните петнаесет минути од натпреварот двете екипи играа борбено и резултатот беше израмнет. На крајниот резултат беше 29:29.

Најефикасна од тимот на Вардар беше Сара Стефановска со десет погодоци, додека од екипата на Чаир, Озкан Севданур даде шест гола.

Ивона Кимовска