Нова победа за ракометарите на Голден Арт или втор гостински триумф за оваа екипа.

Избраниците на Владимир Глигоров во поголемиот дел од натпреварот беа во негатива, но кога беше најпотребно во финишот на дуелот покажаа подобра игра и заслужено се радуваа на победата во Неготино против екипата на Вардар со резултат 26:24 (12:14). Најефикасен на дуелот беше Мице Шилегов со 9 голови.

Ова беше единствениот дуел од Б групата одигран вечерва, додека во средата Вардар го победи Бутел со 24:21. Утре се игра дуелот Пролет 62 – Прилеп, а Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс играат на 22.септември.

Дербито од првото коло од Б групата меѓу Вардар и првакот Еурофарм Пелистер се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19:45 часот.

Во дуелите од А групата попладнево Аеродром – Тиквеш 29:39 и Струга – МРК Куманово 30:26. Утре се играат дуелите: Охрид – Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 2020.

СЕ ЗА “СУПЕР ДЕРБИТО“