Се ближи стартот на новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија. Со тоа се зголемува и бројот на контролни натпревари кои ги играат екипите, а како дел од подготовките.

Такви два се одиграа денеска, во кои МЗТ Скопје и ТФТ ги совладаа Гостивар односно Чаир.

По двата порази од Арис и Пеја, екипата на шампионот МЗТ ја оствари првата победа. Во СЦ „Јане Сандански“ МЗТ го совлада Гостивар со 87-68.

Шестмина играчи на МЗТ беа двоцифрени, а најмногу постигна Баковиќ 13, а еден помалку имаше Танасковиќ.

Следниот контролен меч МЗТ ќе го одигра в понеделник (18 септември), на домашен терен против бугарскиот  Рилски спортист (18 часот).

Дуелот меѓу ТФТ и Чаир му припадна на тимот од скопската населба Тафталиџе со 81-76.

Двете екипи добија по два периоди. Првиот и третиот им припаднаа на гостите со 21-17 и 17-15, а во вториот и четвртиот беше подобар ТФТ (24-17 и 25-21).

Прв стрелец на мечот беше гостинскиот играч Мофит со 22, додека поен помалку за домаќините постигна Морган.