Ракометарите на Вардар со победа ја започнаа новата сезона на Супер лигата.

На мечот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“ Вардар како гостин го победи Бутел Скопје со 24-21.

Бутелчани беа рамноправен противник во првиот дел што сепак му припадна на Вардар со два гола разлика 10-8.

Во вториот, црвено-црните со трите гола во низа веќе создадоа солидна предност од пет разлика (13-8). Имаа и најголеми +6 вардарци (16-10), за на крајот да го завршат мечот со три разлика 24-21.

Марко Срдановиќ со 8 голови беше најефикасниот на натпреварот и во победничката екипа. На спротивната страна Владимир Јефтиќ постигна 6, а Димитар Ѓеоргиевски заврши со гол помалку (5).

Ова беше натпревар од 2.коло кое е закажана за претстојниот викенд, но Вардар во недела ќе го играат мечот од првата рунда. Тоа ќе биде „Супер дербито“ со шампионот Еурофарм Пелистер кој беше одложен поради настапот на битолчани во Лигата на шампионите.