Македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра петтиот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2024 година. Следен противник на нашата репрезентација е селекцијата на Малта.

После одличното издание во Скопје и освоениот бод со фаворитот Италија, време е нашите репрезентативци да не израдуваат и со победа.

Атмосферата во тимот е на високо ниво, исто така и самодовербата е подигната после натпреварот со Италија. Меѓутоа ни во еден момент не смее да дојди до опуштеност и несериозен пристап.

Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на Македонија од 2:1. Тоа ни покажува колку бил неизвесен тој натпревар, но исто така и овој вечер ќе биде далеку од лесен.

Репрезентацијата на Малта после четири одиграни натпревари е без освоен бод и само еден постигнат гол, баш тој во Скопје.

Натпреварот ќе се одигра денес во Малта, со почеток од 20:45 часот.

(ВИДЕО) Македонија тргна со победа во квалификациите за ЕУРО 2024