Македонскиот скокач во далечина Андреас Трајковски постигна одличен скок на митингот во Загреб.

Тој на плоштадот Бан Јелачиќ каде се одржуваше натпреварувањето во скок во далечина од познатиот „Меморијал Ханжековиќ“ оствари далечина од 7.84 метри. Тоа е негов втор резултат во кариерата.

Трајковски во 5.та серија го имаше својот најдолг скок, откако претходно неговата серија беше: 7.52; 7.76; 7.57; 7.69 и во последната серија немаше успешен скок.

Андреас со оваа должина го освои 5.то место, а најдолг скок имаше Хрватот Филип Правдица со должина 8.09 метри.

Трајковски оваа сезона имаше 11 натпревари кои ги заврши со скок на 7.50 метри. Андреас освои бронза на Балканијадата во Краљево и во Германија постави нов македонски рекорд во Инеринген – 7.91 метри.