,,Старата Дама” брзо го заборави нерешениот резултат против Болоња на домашен терен и со сигурни 0:2 го совлада Емполи.

Уште од самиот старт избраниците на Макс Алегри имаа целосна контрола и офанзива кон противничкиот гол. Ваквата игра резултираше со погодок во 24-тата минута кога Данило дочека одбиена топка во шеснаесетникот и ја смести во противничката мрежа.

Шанса да ја удвои предноста имаше Душан Влаховиќ кој во 39-тата минута не искористи пенал, односно неговиот удар го одбрани Бериша.

Во вториот дел Алегри се реши на неколку измени а токму резервистот Милик креираше одлична шанса за Киеза кој со одличен спринт го издрибла противничкиот голман и во 82-та минута зголеми на 0:2.
Јувентус имаше уште две шанси за уште еден гол, и тоа преку Милик кој во 92-та минута со глава ја погоди пречката, и Кин кој во 96-тата ја погоди стативата. Сепак резултатот остана непроменет, па Старата Дама славеше со 0:2.

За Јувентус ова е втора победа и со седум бода е на делба на третата позиција.

Втора победа во Серија А запиша и тимот на Лече, кој на домашен терен со 2:0 ја совлада Салернитана.

Јунак на натпреварот за домаќините беше Црногорецот Крстовиќ кој уште во седмата минута донесе предност за неговиот тим. Конечните 2:0 ги постави Стрефеца во 98-та минута

Со оваа победа Лече има седум бода и е на делба на третата позиција