На патеката Монца денеска се вози 14-тата трка за ГН на Италија. Изминатите два дена на слободните тренинзи и во квалификациите доминираат возачите на Ферари.

Возачите на Ферари, Саинц и Леклерк возат пред домашна публика. Имаа најдобри времиња на тренинзите и во квалификациите и ги завземаа првото и третото место.

Шпанецот Саинц ќе стартува од пол позицијата што ја освои во последните моменти од квалификациите.

Веднаш до него ќе биде лидерот Макс Верстапен кој уште еднаш ќе се обиде да стигне до нова победа и да ја продолжи доминацијата на Ред Бул сезонава.

Од вториот ред ќе стартуваат Леклерк од Ферари и Расел од Мерцедес.

Останува да видиме дали конечно некој друг ќе ја однесе победата оваа сезона, а да не се Верстапен или Перез од Ред Бул…

Ферари оваа сезона освои три пол позиции од кои две се на Леклерк, а една на Саинц токму во Монца и се без победа досега.

Возачите на Ферари оваа сезона имаа доста пехови на трките и загубија многу бодови во шампионатот.

Карлос Саинц од Ферари до прва пол-позиција сезонава на домашната трка во Монца