Еден од нашите најдобри одбојкари, Александар Љафтов кој со своите силни удари создаваше главоболка кај Данците, не го криеше задоволството од големата победа.

Љафтов потенцира дека за ваков успех одлучуваат желбата, срцето и душата.

„Имавме анализи многу за нив, гледавме многу статистики за противникот, гледавме многу нивни натпревари, но не одлучи ништо од тоа.

Одлучи душата, одлучи желбата, одлучи поддршката од навивачите, одлучи срцето.

Залудни се сите анализи ако се нема срце“

Љафтов посочи дека потребен е истиот пристап и против Црна Гора и најави атак на победа.

„Против Црна Гора одиме секако повторно на победа.

Мора да го заборавиме ова брзо, да ги оставиме емоциите на страна, да се спуштиме на земја и добро да се одмориме затоа што мора да одиме повторно на победа и пласман во осминафинале“.