Aлексис Санчез ги мина медицинските прегледи и денеска потпиша договорот со Интер.

Репрезентативецот на Чиле се врати како слободен играч само една година откако ги напушти „нероаѕурите“ во Олимпик Марсеј.

Италијанските медиум пренесуваат дека Санчес се согласил на едногодишен договор за сума од 2,8 милиони евра.

Тоа е далеку помалку од оние 7 милиони кои Санчез ги заработуваше при неговиот прв престој во Интер. 

Чилеанскиот ветеран претходно мина три сезони во Милано. Придонесе за четири трофеи и 20 пати ја погоди мрежата на 119 натпревари.

Неговото заминување требаше да го отвори патот за Дибала, но Интер се реши за да го врати Ромелу Лукаку.