Македонскиот првак, Струга ТЛ, загуби на домашен терен во првиот натпревар од плеј-офот пресметката со Бреидаблик со минимални 0:1.

Стружани одлично го започнаа натпреварот и доминираа на терен, а тоа донесе и погодок на Шабани, но истиот беше поништен. Капитенот на македонскиот шампион со многу среќа и на атрактивен начин ја смести топката во гостинската мрежа. Но, по прегледите во ВАР собата, судиите донесоа одлука дека имало прекршок над гостинскиот голман и погодокот беше поништен.

Ваквиот расплет ги демотивираше домаќините, а им даде ветер во грб на гостите.

Само неколку минути подоцна преку Гунлаугсон, кој со одличен продор по десната страна влезе во шеснаесетникот на домашните и го матираше голманот Ќосевски.

Струга до крајот на натпреварот се обидуваше да се врати во игра и во неколку наврати сериозни се закани кон противничкиот гол.

Најблиску до гол беше Нигериецот Укпа, кој ја погоди конструкцијата на противничкиот гол. За болката да биде поголема, Стужани останаа и без Вангел Ѓуро, кој доби црвен картон.

Реванш натпреварот на Исланд се игра за седум дена, на 31 Август, кога Струга ТЛ ќе се обиде да го надомести заостанувањето и да обезбеди историски успех во групна фаза од европско натпреварување.