Екипата на Астон Вила забележа убедлива победа над Евертон со 4:0 во натпреварот од 2.коло на Премиер лига.

Тимот на Ливерпул беше целосно немоќен во текот на целата средба, а сигурно за тоа е виновен и расположениот домаќин, чие славје беше нарушено со тешката повреда на Филипе Кутињо во самиот финиш на натпреварот.

На „Вила Парк“, домашните поведоа во 18.минута со голот на Шкотланѓанецот, Џон Мекгин.

По само шест минути, избраниците на Унаи Емери го удвои водството со голот од пенал на Даглас Луиз.

Во вториот дел уште два пати капитулираше одбраната на слабите гости.  Леон Бејли погоди во 51.минута, а Џон Дуран на 15 минути пред крајот ги постави конечните 4:0 .

Сепак, ова да не биде идеално попладне за навивачите на Астон Вила, дојде тешката повреди, во финиш на натпреварот, на еден од најдобрите играчи во тимот Бразилецот, Филипе Кутињо, кој најверојатно го очекува подолга пауза. .