Екипата на Манчестер Сити е освојувач на УЕФА Супер купот. 

На натпреварот што се игра во Атина, актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, беше подобар по пенал рулетот од победникот во Лигата на Европа, Севиља. 

Откако по 90-минути резултатот беше 1-1, во пенал серијата Сити славеше со 5-4. 

Севиља поведе со голот на Мароканецот, Јусеф Ел Незири во 25-тата минута. Во второто полувреме, односи 63-минута Сити стигна до израмнување преку младиот Кол Палмер.

Во петата серија решавачка серија. Капитенот, Кај Волкер погоди за Манчестер, а Србинот, Немања Ѓудељ биеше во пречката. 

Во своето седмо финале Севиља остана на еден трофеј, откако првиот го освои 2006-тата година, а потоа шест пат во низа ги губеше натпреварите.

За Сити ова е прв трофеј, а за англиските екипи им го донесе вкупно 10-тиот трофеј во ова натпреварување. 

Во него и натаму шпанските тимови се нај најдобри со 16 трофеи.