Иако изминатиот период „бомбастични“ беа најавите за заминување на Благоја Милевски од селекторското место на фудбалската репрезентација на Македонија, сепак тоа нема да се случил. 

Сигурно не до крајот на веќе започнатиот циклус на квалификации до кога трае и договорот со федерацијата. 

Ова е одлуката на Управниот одбор на ФФМ, на денешната средба на која присуствуваше и селекторот Милевски. 

„Имајќи ги в предвид околностите во групата во која се наоѓа македонската А репрезентација во квалификациите за ЕП 2024, распоредот на натпревари кои следува и релативно краткото време до завршување на договорот со актуелниот селектор, е на став Благоја Милевски да продолжи со работа во националниот А тим. Договорот на селекторот трае до ноември 2023 година.

Како што е убаво кога се победува, така е тешко кога се губи. ФФМ во следниот период ќе го даде најдоброто решение за репрезентацијата“,
се вели во информацијата ФФМ, на официјалната веб страна 

Едно станува јасно, дека во претстојниот циклус, Македонија нема да смета на досегашниот капитен Стефан Ристовски. Тој пред два дена најави дека има несогласувања со селекторот Милевски.