Реал Мадрид во огромни проблеми на самиот почеток на новата сезона.

Тибо Куртоа заработи тешка повреда на лигаментите на коленото, а сега сезоната најверојатно заврши и за Едер Милитао!?

Бразилецот во солзи го напушти теренот во победата над Атлетик Билбао. Иако се уште не е официјално потврдено, од Реал ингформираа дека повредата е многу сериозна.

Милитао денеска ќе биде подложен на дополнителни тестови, по кои ќе се знае дали лигаментите пукнале.

Тренерот Карло Анчелоти не можеше да ја исклучи таа можност.

„Не можам да потврдам дека нема повреда на лигаментите на коленото. Лекарите рекоа дека е сериозно и дека треба да го почекаме скенерот“, изјави Анчелоти.

Заминувањето на Бензема во Ал Итихад, повредите на Куртоа и Милитао, се сé тоа огромни удари за Карло Анчелоти.

Курту до крајот на сезоната ќе го замени Кеп, кој пристигнува на позајмица од Челзи, додека останува да се види кој стопер ќе го купи Реал Мадрид.