Младиот македонски кошаркар, Рубин Стефанов ја продолжува својата кариера во Италија.

Рубин кој е син на легендарниот македонски играч Врбица Стефанов, го потпиша својот прв професионален договор.

Екипата на Пескара Баскет денеска се пофали дека младиот Рубин е нивното ново засилување.

Тој е роден 2005 година, а повеќе години е во Италија, со што се стекна со право на статус на домашен (италијански) играч.

„Возбуден сум и многу среќен што доаѓам во Пескара. Подготвен сум да играм со оваа екипа со која се надевам дека ќе имаме многу успеси. Ќе дадам се од себе да им помогнам на моите соиграчи колку што е можно повеќе“, е првата реакција на младиот Стефанов.

Рубин, прво беше во Римини. За него лани заинтересирани беа и во составот на Олимпија Милано, а по препорака на тренерот Еторе Месина, Рубин последната година играше во екипата на Канту. Одличните настапи беа голема препорака, за Риубин да го облече сино-белиот дрес на Пескара.

„Им благодариме на Палаканестро Канту и на агентот Мануел Капичиони за успешно реализираниот договор. Ние сме многу среќни и веруваме дека донесовме многу талентиран играч од европски интерес во Пескара“,
вели тренерот Лука Ди Ченсо.

18-годиншнит Стефанов со сениорите на Пескара ќе настапува во втората по ранг лига во Италија, а воедно ќе игра и во младинската конкуренција до 19 години.

Потсетување дека младиот Стефанов доби и шанса од ек-селекторот на македонската сениорска репрезентација, Драган Баиќ. Руби настапи во квалификациските натпревари со Шпанија во Сарагоса, а беше во составот и со Украина во Скопје.