Репрезентацијата на Грција во рок од 48 часа двапати ја совлада Словенија, во рамките на подготовките за Светското првенство.

Грците прексиноќа славеа во Љубљана со 98:91, а вечерва истите екипи се сретнаа во Атина.

Пред почетокот на натпреварот се одржа мала церемонија. Во „ОАКА Арената“  беше подигнат дресот на легендарниот грчки играч Никос Галис, а потоа грчката репрезентација уште еднаш ја совлада Словенија, овој пат со 88:77. .

Константинос Митоглу беше најдобар во победничкиот тим со 18 поени и 14 скока, а го следеше Лоунцис со 17 поени.

Кај Словенците нивниот капитен Лука Дончиќ постигна 18 поени, но не играше во вториот дел поради полесна повреда.

Сепак, најголема грижа за тренерот Секулиќ по овој меч е повредата на Влатко Чанчар. Тој при едно забивање се пожали на болки во коленото и сега ги чека деталните лекарски прегледи за да се утврди тежината на повредата.