Сагата на капитенот на Тотенхем и англиската репрезентацијам, Хари Кејн продолжува. Како што пренесува „Скај Спортс“, челниците на Тотенхем и Баерн не постигнале договор околу трансферот на Кејн во Минхен.

Од Баерн биле подготвени да одвојат околу 100 милиони евра за Кејн.  Сепак, сопственикот на „Спарс“, Даниел Леви побарал 125 милиони.

Капитенот на Англија има договор со Тотенхем до 30 јуни следната година, не сака да го продолжи, па логично е сега да ја смени средината.

Пред еден месец се чинеше дека Баерн ќе биде неговиот нов клуб, но тврдоглавиот сопственик на Тотенхем, дби две понуди од од 70 и 80 милиони евра.

Сега ја одби и третата, па прашање е дали Баерн ќе има трпение за него.

Не е невозможно да се сврти кон други решенија, иако Кејн изрази голема желба да го облече дресот на Баерн.

Ситуацијата околу Кејн ја следат СПЖ и Манчестер Јунајтед, а многу е можно Леви со упорното одбивање на Баерн да се обидува да добие понуда од 125 милиони од нив, која очигледно би го задоволила“, пренесуваат англиските медиуми.

Кејн постигна рекордни 280 голови на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.