Италијанското дерби меѓу Јувентус и Милан, одиграно на американската турнеа заврши со победа на „старата дама“ по подоброто изведување на пенали.

Љубителите на фудбалот во Карсон можеа да уживаат. Покрај четирите голови дополнителни возбудувања имаше во пенал серијата.

Регуларниот дел од мечот заврши 2:2. Со голот на младиот Германец, Малик Тиау во 23-минута,  Јувентус поведе. Но, само десет минути подоцна Данило го израмни резултатот.

Преку Оливие Жиру во 39.минута, Милан и втор пат имаше предност со која замина на паузата.

Во 49-тата минута Ругани го израмни резултатот на 2:2, кој остана до крајот на мечот.

Пенал-рулетот, му припадна на Јувентус, кој постигна четири наспроти трите реализации на Милан и тоа во шесте изведени пенали.

Масимилијано Алегри и Стефано Пиоли целосно ја искористија оваа средба за да испробаат разни комбинации, па речиси сите добија неколку минути на теренот.

По мечот Пиоли беше позагрижен бидејќи покрај поразот остана и без Давид Калабрија, кој го напушти теренот поради повреда во 21-та минута.