Одбојкарите на САД се вторите финалисти на завршниот „фајнал-ејт“ турнир во Светската лига на нации.

Во вториот полуфинален меч, Американците ја „демолираа“ Италија со убедливи 3:0 во сетови.

Експресно за само 80-минути американските одбојкари ги добија трите сета, доминирајќи буквално во секој сегмент од играта.

За тоа најдобро говори и бројот на освоени поени на Аѕурите кои ви ниту еден од трите сета не стигнаа до бројката 20.  Во првиот и третиот сет Италијанците освоија по 19, а во вториот 18 поени.

Така утре во големото финале за првиот трофеј во Светската лига на нации ќе играат домачинот Полска и селекцијата на САД. Финалниот меч на програмата е од 20 часот.

Претходно (од 17 часот) во дуелот за бронзата ќе играат Јапонија и Италија.