Стојанче Стоилов да стави крај на играчката кариера. Но. вардаровата легенда ќе има нова улога. Тој ќе биде асистент на Неданоски, а воедно ќе се грижи за младинските школи, односно ќе биде како и координатор.

Стоилов изјави дека заедно со Неданоски ќе се обидат да го вратат Вардар таму каде што припаѓа, односно повторно да биде дел од Лигата на шампионите како и шампион на Македонија.

„Мора да ја вратиме вардаровата школа, од која треба да црпиме идни првотимци. Не чека тешка работа, бидејќи со години речиси ништо не е работено. Поентата на нашата работа е да  ги направиме прво луѓе, а потоа и  ракометари“, изјави Стоилов.

Тој посочи дека Вардар пред се треба финансиски да се стабилизира, за да може клубот да функционира како што треба.

Стојанче Стоилов со тимот на Вардар два пати ја освоија Лигата на шампионите во 2017 и 2019 година.
Младинските школи на Вардар ќе бидат негова втора цел. Каде тој ќе има задача да ги прошири младинските категории како и Вардар да има повеќе екипи пријавено во ракометната лига на Македонија.

Ивона Кимовска