Михајло Михајловски на денешната  прес-конференцијата одржана во спортскиот центар ,,Јане Сандански” идтакна дека Борко Ристовски  ја заврши кариерата како играч. Ристовски сега ќе има нова функција во Вардар, тој ќе биде Извршен директор.

,,Му благодарувам на Михајло за довербата и новата функција која ми е дадена. Ќе се потрудам целото мое искуство и знаење да го пренесам во Вардар. Главна цел ќе ни биде стабилизирањето, прво на финансиската, а потоа играчката состојба во клубот”, изјави Борко.

Ристовски ги претстави и новите шест засилувања во клубот. Од македонските репрезентативци ќе ги нема  Манасков и Талески.

Нови имиња се: Марко Срданобиќ, Марија Николиќ, Косуке Јашухира, Стефан Петриќ, Нилтон Мело, Ансер Годригез.

Ристовски ќе има блиска соработка со Емил Угриновски кој  ќе биде нов не извесен директор во Вардар. Негова задача ќе биде да привлече што е можно повеќе спонзори во Вардар.

Ивона Кимовска