Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата сезона 2023/24.

Тренерот Александар Јовиќ, заедно со стручниот штаб попладнево во сала „Боро Чурлевски“ ја имаа првата прозивка и тренинг. 

Меѓу присутните беа и новајлиите: Борзаш, Нилсен, Петровиќ, Ѓорѓовски и Цехте.

Утре експедицијата на Еурофарм Пелистер заминува на базични подготовки во Маврово, каде ќе работи на дваесет тренинг сесии до први август, кога е предвидено враќање во Битола.

Втората фаза на подготовки Еурофарм Пелистер ќе ја реализира во Битола, а предвидени се и два тест-натпревари против со својот втор тим.

Од средината на август следуваат до почетокот на официјалната сезона, ќе бидат одиграни и поголем број на контролни натпревари

Добој (14-18 август)
Група А: Еурофарм Пелистер (Македонија), Слога Добој (БиХ), Монпелје (Франција), Ал-Ахли (Египет)
Група Б: Барселона (Шпанија), Загреб (Хрватска), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Војводина (Србија)

Охрид (23-26 август)
Група А: ГРК Охрид (Македонија), Бешикташ (Турција), Голден Арт (Македонија), Олимпијакос (Грција)
Група Б: Еурофарм Пелистер (Македонија), Металопластика Шабац (Србија), Татран Прешов (Словачка), Бутел Скопје (Скопје)

Официјални натпревари:
Суперкуп на Македонија: Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 (не е дефиниран термин)
Суперлига – прво коло: Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер (9/10 септември)
Лига на шампиони – прво коло: Еурофарм Пелистер – Колштад (13/14 септември)