Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ги почна подготвите за новата сезона.

Пелистерци ги очекува борба на повеќе фронта. Во домашното првенство и куп, Лигата на шампионите, а сеуште е неизвесно и дали ќе се игра СЕФХА лигата.

Со видно изменет состав во однос на минатогодишната шампионска сезона, Александар Јовиќ и стручниот тим ќе се обидат да го повторат успехот.

„Сигурен сум дека ќе направиме сè за достојно да го претставиме нашиот клуб и нашиот град во Лигата на шампионите. Покрај тоа и да ги оствариме зацртаните цели во домашниот шампионат и Купот на Македонија. Нашата визија и цел е да направиме спој од македонски квалитетни млади ракометари дополнително со странски играчи. Не сакаме преголем број на ракометари во ростерот, мислам дека со уште едно до две засилувања ќе направиме одлична екипа“, изјави Јовиќ.

Како дел од подготовките, во втората фаза во август, пелистерци ќе одиграат и повеќе контролни натпревари.