Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ доби закани од „Ултрасите“ на Париз Сен Жермен.

Влаховиќ е на прагот да се пресели во ПСЖ. Како што се наведува, останува да се договорат условите со Јувентус за колку пари ќе се продаде, но јасно е дека има начелен договор.

Сепак, дел од навивачите на ПСЖ не се согласуваат со доаѓањето на српскиот напаѓач на „Паркот на принцовите“.

„Ултрасите“ на „светците“ со транспарент пред стадионот му порачаа на Србинот.

„ Дојди во Париз, ќе ти ги отсечеме трите прсти “.

Тие објавија и слика од српските репрезентативци Немања Радоњиќ, Стефан Митровиќ и Душан Влаховиќ. На сликата тројцата српски фудбалери се со кренати три прста, со маици на која е прикажано Косово како дел од српската карта.

Со кренати три прста и порака на маицата на која пишува „Радувај се, српски народе “.