Ко-капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енес Барди уште еднаш потврди дека е вистински мајстор за слободни удари.

Барди со својот тим Трабзонспор е на подготовки за новата сезона во Словенија. Таму, Трабзонспор одигра контролен натпревар со унгарскиот тим Мол Фехервар.

Унгарскиот тим во два наврати имаше предност, но благодарение на евроголот на Барди во 75-минута турската екипа остана не поразена. Натпреварот заврши 2-2.