Турскиот вицепрвак Фенербахче создава мала колонија на фудбалери од екс-ју просторите. 

Последен во низата е хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ. 

Како што наведуваат повеќе извои, Ливаковиќ синоќа за последен пат настапи во дресот на Динамо Загреб и како капитен го подигна трофејот во Супер купот на Хрватска. 

Имено, одличниот голман веќе го договорил сите лични услови со Фенербахче. Паднал и договор меѓу двата клуба во вредност од 9 милиони евра. Само се чека да се разменат документите, а потоа договорот е завршен.

За голманот на хрватската репрезентација веќе имаше интересот од повеќе европски екипи, а најблиску беше мадридски Реал до негов ангажман.

Сепак, Ливаковиќ денеска се очекува да пристигне во Истанбул за да го потпише договорот.

Хрватот ќе биде третиот фудбалер од екс-ју просторите, кој летово му се приклучува на турскиот гигант. 

Прв во Истанбул дојде Босанецот Един Џеко кој вчера во дуелот со Нефчи го постигна и првиот гол. 

Доцна синоќа во турската престолнина слета и српскиот капитен Душан Тадиќ, кој исто така денеска треба да потпише три годишен договор.