Македонските претставници на европската фудбалска сцена екипите, полека ги финализираат подготовките за првите предизвици. Веќе следната недела четирите македонски екипи ќе ги одиграат првите натпревари во Лигата на шампионите и Конференциската лига.

Како дел од овие подготовки, Струга Трим Лум, Шкупи, Шкендија и Македонија Ѓорче петров изминатиот период одигра повеќе контролни средби.

Таква ќе биде и денешната меѓу двете екипи што ќе нé претставуваат во Конференциската лига.

Имено освојувачот на купот екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе го угости екс-шампионот на натпреварот што ќе се игра попладнево од 17.30 часот на стадион во Ѓорче Петров.

Тоа ќе биде и генерална контрола за „лавовите“ од Ѓорче и за „чаирчани“ пред дуелите од првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Потсетување дека четврток (13 јули) на програмата се првите средби во кои, Македонија Ѓорче ќе биде домаќин на летонската екипа РФС Рига, додека Шкупи истиот дел гостува во Литванија кај екипата на Хегелман.

Потсетување дека во истото натпреварување екипата на Шкендија за противник ќе го има велшкиот тим Хавервордвест против кој тетовци првиот меч ќе го играат на домашен терен, додека македонскиот првак Струга Трим Лум во квалификациите за Лигата на шампионите ќе се судири со литванскиот Жалгирис против кој првиот натпревар ќе го игра во Каунас во вторник (11 јули).