Македонската женската јуниорска репрезентација за кошаркарки до 18 години, попладнево ќе го игра третиот натпревар во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Софија.

Избраничките на селекторката Јелена Антиќ, кои веќе претрпеа два убедливи порази од Холандија 64-43 и Исланд 77-59, и денеска ќе имаат „невозможна“ мисија.

Црвено-жолтите во дуел од 3.коло на А групата ќе играат против силната селекција на Хрватска.

Хрватките во првите два натпревари забележаа убедливи победи против Холандија со 19, односно Данска која ја совладаа со дури 52 поени разлика, па затоа „коцкестите“ ја имаат улогата на апсолутен фаворит во дуелот со нашата селекција.

денешниот натпревар меѓу Македонија и Хрватска ќе почне во терминот од 17 часот, а можете да го гледате во ЖИВО ОВДЕ.