Mашката македонската одбојкарска репрезентација вечерва ќе го заокружи својот дебитантски настап во Европската Златната лига.

Во натпреварот од последното 6-то коло, а во рамките од Ц групата избраниците на селекторот Јошко Миленковски ја пречекуваат силната репрезентација на Украина.

Украинците во Скопје доаѓаат без загубен сет и секако ќе се обидат така и да ја завршат групната фаза.

За црвено-жолтите тоа ќе биде уште еден добар тест за можностите на селекцијата која на крајот на август и почетокот на септември токму во Скопје ја очекува настап на Европскиот шампионат.

Вечерашниот меч меѓу Македонија и Украина што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути.