Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски со својата екипа Фенербахче се радуваше на освојувањето на трофејот во Купот на Турција.

Иако Алиоски не настапи на финалниот натпревар што се играше во Измир, а во кој Фенербахче со 2-0 го победи Истанбул Башакшехир, сепак македонскиот репрезентативец, како и сите останати се израдува на трофејот. 

Со овој натпревар Алиоски ги заврши обврските во својот клуб и сега се очекува да и се му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски и македонската репрезентација која веќе во петок ја очекува вториот натпревар во евро-квалификациите против во Украина, а потоа и гостувањето во Манчестер кај Англија.