Според бројните пишувања на италијанските медиуми, во текот на вчерашниот ден  во Милано се одржал состанок помеѓу сопственикот на Милан, Гери Кардинале и директорот Паоло Малдини, кој не поминал најдобро, па многу веројатно патиштата на Милан и Малдини ќе се раздвојат.

Споменатото дуо имаат сосема различни визии за начинот на кој клубот треба да се развива во иднина.

Тензијата помеѓу сопствениците и Малдини постои веќе извесен период, а директорот Малдини во повеќе интервјуа претходно отворено зборуваше за потребата од поголеми вложувања со цел Милан да биде конкурентен со останатите тимови од Италија и Европа.

Малдини бара поголема автономија и средства за да го зајакне тимот, додека главните луѓе на RedBird, Кардинале и извршниот директор Џорџо Фурлани, сакаат да ги намалат трошоците.

Милан оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, но успеа да го обезбеди пласманот во следната сезона само благодарение на казната од 10 бода што Јувентус ја доби во Серија А, па Милан скокна на 4-то место.

Малдини инсистираше да се продолжат договорите на клучните играчи во тимот и да се донесат уште неколку квалитетни засилувања. Барање што очигледно е поремногу за клубот, па наверјатно легендата на Милан, Паоло Малдини следната сезона нема да биде дел од Росонерите