Екипите на Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром попладнево во Битола го играат третиот натпревар од финалето во плеј-офот.

По двете победи пред своите симпатизери во Скопје, актуелниот првак МЗТ ја има првата „меч“ топка за нов шампионски трофеј. Доколку сино-белите успеат да славата во Битола, ќе се израдуваат на јубилејниот 10-ти шампионски трофеј во клупската историја.

Целта на пелистерци секако е победа, со која би ја продолжиле серијата за барем уште еден натпревар и тоа повторно пред своите симпатизери.

За остварување на целта избраниците на тренерот Марјан Илиевски ќе мораат да одиграат далеку подобро во однос на првите две средби.

Дополнителен мотив секако ќе имаат бидејќи се очекува популарните „Чкембари“ да бидат присутни во значителен број во салата „Боро Чурлевски“, во која е најавено и присуството на скопските навивачи „Фемили Аеродром“.

Финалниот дуел број три меѓу Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром ќе започне од 18:30 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.