Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ја потврди својата доминација на Охрид трчат. Тој денеска победи на уште една полумаратонска трка и патеката од 21,1 км ја истрча за 1:11.17 час. Во беше седмо издание на Охрид трчат, а Ивановски во своето петто учество ја запиша петтата победа (2017, 2019, 2020, 2022 и 2023), а не учествуваше на трките 2018 и 2021.

Второто место му припадна на Тирон Мамуша од Албанија, кој имаше резултат 1:15. 54 час, а трет заврши Муџахид Мислими со време 1:16.39 час.

Во женска конкуренција победи Билсерин Сулејман од Бугарија со време 1:25.01 час, пред Билјана Кираџиева со време 1:32.22 час, а трета заврши Марина Домазетовска 1:36.09 час.

Во трката на 5км кај мажите победи Михаил Вулковски од Бугарија (18:51 минути), а кај девојките победи Бугарката Аделина Павлова (22:29 минути).

Во штафетната трка (2х10,5 км) кај дамите победија Сакаме тартан во Битола (Марија Дабеска и Билјана Сивева), а кај мажите Делта (Григоријан Никовски и Петар Симоноски).