Најдобриот фудбалер на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд вели дека освојувањето на „тројката“ е нешто за што сонува, затоа и дошол на „Етихад“ и дека се надева дека тој и неговите соиграчи ќе успеат да го остварат.

„Освојувањето на сите три трофеи во една сезона би било фантастично достигнување, и да бидеме искрени, затоа ме донесе Сити. Сакам да направам се што е во моја моќ и по англиската титула да триумфираме во ФА Купот и Лигата на шампионите. Тоа е мојот најголем сон и ќе се обидам со сите сили да го остварам“, изјави Халанд.

Норвежанецот е свесен дека, колку што тој и неговите соиграчи имаат мотив да го направат тоа, нивните противници, особено од Јунајтед, ќе се обидат да ги спречат.

„Знам дека навивачите се еуфорични, но мораме да бидеме реални и да кажеме дека нема да биде воопшто лесно. Играме две финалиња против две големи екипи кои ќе бидат многу мотивирани да ги скршат нашите соништа. Затоа велам дека треба да бидеме максимално концентрирани и подготвени за голема борба и во ФА Купот и во Лигата на шампионите“, изјави норвешкиот претставник.

Финалето на „Вембли“ ќе се одигра денеска со почеток од 16:00 часот.